325
На средината од
декември, Јирген Клоп ја продолжи верноста кон Ливерпул и стави потпис на
договор со трајност до 2024 година. Но Индипендент пишува дека стратегот може и
порана до го напушти Енфилд.
Наводно во неговиот
договор има клаузула според која „црвените“ нема да му прават многу проблеми и
ќе му дозволи лесно да замине. Услов за ова е Јирген Клоп да добие понуда за
враќање во Германија.
Во минатото често
се споменуваше дека тој е желба на Баерн Минхен, а како опција се посочува и кормилото
на репрезентацијата на Германија.