Клоп им испрати порака на порашните „редси“ Суарез и Кутињо а имаше и коментар за Меси

by
1 минути читање

„Црвените“ со
нова победа од 1-4 на гостувањето во Порто го чекираа билетот за четирите
најдобри во Лигата на шампионите и дуелот со Барселона.

Пресмеката ќе
значи враќање на Енфилд за за Луис Суарез и Филипе Кутињо, кои го носеа дресот
на Ливерпул во минатото. Уругваецот го напушти Мерсисајд во јули 2014 за околу
80 милиони евра, а Бразилецот тоа го стори во јануари 2018 за двојно повеќе,
односно 160 милиони евра.

Запрашан за
дуелот со поранешните „редси“, Јирген Клоп вели: „Искрено, во моментов мислам
само на мечот со Кардиф во недела“.

„За овие двајца
момци ќе биде специјално, бидејќи тие се легенди на Ливерпул. Но нема да биде
пријателска средба, ќе се бориме и ќе го оставиме срцето на терен а и тие
ќе го сторат истото. Ќе биде одличен натпревар, Ливерпул против Барса во полуфинале“.

Секако неизбежно
беше и прашањето за Лео Меси, и планот како да се сопре Аргентинецот.

„Му благодарам на
Бог што не морам да мислам на ова вечерва. Никој до сега не успеал, но ќе се
обидме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×