Сенегалецот заработи
пвреда на градското дерби со Евертон минатиот викенд и во прв момент се чинеше
дека не е ништо сериозно.
Но веднаш беше уклучен алармот откако големиот оток на коленото спречи врз
играчот да бидат направени детални тестови.
Се стравуваше
дека сезоната за Садио Мане веројатно е завршена и Јирген Клоп сега го потврди токму
тоа.
„Прилично сум
сигурен дека на Садио ќе му треба операција” – рече Германецот на денешната средба со новинарите.
„Не сум сигурен
кога ќе замине „под нож“, но прилично е јасно дека сезоната за него е завршена”.
„Има уште малку до
крајот, па речиси е невозможно да се врати на теренот оваа сезона”.
„Единствена добра
вест е тоа што ќе добие малку поголем одмор и ќе биде подготвен за следната
сезона”.
Ова е голем удар
за амбициите на Ливерпул за топ четири пласман, Мане е еден од најдобрите
поединци на „Црвените“ оваа сезона.
Клубот од Енфилд
нема победа во Премиерлигата кога Садио Мане беше надвор од тимот.