Јирген Клоп
попладнево се појави на прес конференција во пресрет на утрешното гостувањето
кај Тотнем. Германецот беше прилично релаксиран, имаше пофални зборови но и
провокации за Жозе Мурињо а и ги збуни новинарите со прашање за тоа на која
позиција играл Португалецот.
„Беше голман?“ –
праша Германецот, а откако никој од присутните не понуди одговор, Јирген Клоп
нареди: „Брзо, проверете на гугл!“. Се замеша и портпаролот на Ливерпул кој
рече, „Немаме време за вакви работи“, но тренерот инситираше, „Имам време… Барајте
на гугл“.
“Sorry Jose!”
pic.twitter.com/mTGyzpgqx9— This Is Anfield (@thisisanfield) January 10, 2020
„Специјалниот“ во
својата кратка кариера како фудбалер играл во средниот ред, а голман бил
неговиот татко, Феликс Мурињо.
„Жозе Мурињо е
тренер од светска класа со многу специфичен начин на размислување“ – продолжи Јирген
Клоп. „Секогаш сака да победи, и го почитувам многу. Не сакам да креирам
наслови, но не паметам натпревар против него во последните две-три години кога
сум помислил, „Му благодарам на Бог што тој е тренер а не некој друг“. Прави
напори неговиот тим да го извади најдоброто од секоја ситуација“.
За тоа што
очекува од Тотнем, Клоп вели: „Ќе се сретнеме со добро организиран тим кој посебен фокус ќе
стави на одбраната и контрите. Не можеме да бидеме 100% сигурни како ќе
одиграат, но имаме одредена идија. Мораме да претпоставиме дека Мурињо ќе го
повтори рецептот од времето кога беше во Манчестер јунајтед и како тогаш ни се
спротивставуваше. Секако нема да биде буквално исто бидејќи сега на располагање
има друг тип на играчи“.