Клоп: Бруно Фернандеш е многу добар играч, не сакам да потпише за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Ливерпул и Спортинг Лисабон одиграа 2-2 во пријателски натпревар. Серијата погодоци ја отвори Бруно Фернандеш со гол од преку 30 метри.

Јурген Клоп имаше можност на дело да ги види квалитетите на Фернандеш и по мечот изјави дека не сака фудбалерот да заврши во Манчестер јунајтед.

„Бруно Фернандеш во Манчестер јунајтед? Очигледно тој е навистина добар играч. Тие имаат неколку одлични фудбалери па ако го ангажираат него ќе бидат уште посилни и тоа не е добро за нас“, изјави Клоп.

„Скај Спортс“ утринава пласира информација дека Јунајтед сепак не е толку загреан за Фернандеш, разгледува други опции. Медиумот за ваквата теза се повикува на фактот што повеќето гласини на оваа тема потекнуваат од Португалија, а не од Манчестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×