Клатенбург им одржа лекција на „експертите“ и објасни зошто пеналот за Манчестер Сити е чист како солза

by
1 минути читање

ВАР одново
предизвика голема дебата во фудбалскиот свет откако со помош на видео
технологијата беше досуден пенал за Манчестер Сити поради играње со рака од
страна на Дени Роуз.

Најголемиот дел
од стручните коментатори на „островото“, кои се поранешени фудбалери, сметаа
дека Бјорн Кујперс погрешил. Сепак, поранешниот судија Марк Клатенбург вели
дека арбитарот едноставно ги следел правилата и насоките на УЕФА според кои
пеналот е чист како солаз.

„Ова е во склоп
со инструкциите на УЕФА, судијата Бјорн Кујперс со право покажа на белата точка
во корист на Манчестер Сити кога Дени Роуз играше со рака при обидот да го
блокира ударот на Рахим Стерлинг“
– напиша Клатенбург во својата колумна во
Дејли Мејл.

„Раката на Роуз
не беше прилепена за телото, и тоа според УЕФА значи дека дефанзивецот на
„спарс“ брани поголем простор. УЕФА веќе даде насоки за вакви ситуации откако имаше слични
инциденти во Лигата на шампионите претходно оваа сезона“.

„Откако ВАР го
извести Кујперс, немаше дилеми, и јасно беше дека тој ќе покаже на белата
точка, дури и самиот Роуз беше свесен, можеше да се види од изразот на неговото
лице и тело“.

Клатенбург, кој
важеше за еден од најдобрите арбитри на „островото“ но и во Европа, исто така
додава дека е изненаден што ниту еден играч на Манчестер Сити не барал
најстрога казна и го поздрави тоа што конечната одлука ја донел самиот Бјорн
Кујперс.

„Интересно е тоа
што ниту еден играч на Сити не протестираше, а и двата тима беа прилично
изненадени кога играта беше прекинаа за ВАР проверка. Добро е тоа што Кујперс
сам го прегледа инцидентот и сам ја донесе конечната одлука. Во Англија,
судиите се советувани да им веруваат на лицата во ВАР собата, додека пак УЕФА
инсистира судиите сами да донесат одлука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×