Офанзивецот на
Рома, Џастин Клајверт потврди дека сака да биде стартер, но признава дека
неговото време се уште не е дојдено за тоа.
Младиот фудбалер
кој е голема надеж на холандскиот фудбал се приклучи на Калчолигашот ова лето,
дојде од Ајакс а веќе запиша една асистенција во својот нов клуб, и тоа во
голот на Џеко во воведното коло од Серија А во новата сезона.
„Сакам да станам
стартер, моето време се уште не е дојдено, но веќе играв неколку минути и сум
среќен за тоа. Сите знаеа дека ќе има тежок старт во Рома, бидејќи сите
очекуваа многу“ вели тој.
„Во Ајакс имав
голема слобода на теренот, тука морам да играм близу средината, се повеќе и
повеќе се чувствувам слободен“ додаде 19 годишниот фудбалер кој иако беше на
мета на повеќе европски гиганти, на крајот се реши за Римската волчица.