Борнмут со 4-1 победи на гостувањето кај Њукасл, ѕвезда на мечот беше Џастин Клајверт кој постгина хет-трик.
Њукасл во овој меч влезе со девет последователни победи, шест од нив беа во Премиерлигата, но не успеаа да ја продолжат таквата импресивна серија.
Резултатот беше отворен уште во шестата минута кога Клајверт го постигна својот прв гол на мечот за водство од 1-0.
Во 25. минута Бруно Гимараеш даде гол со глава за израмнување на резултатот на 1-1.
Пред самиот крај на првото полувреме Клајверт даде уште еден гол за ново водство на Њукасл, овојпат од 2-1.
Во 92. минута Клајверт погоди од далечина со силен удар, тоа беше негов трет гол со кој Борнмут поведе со 3-1 и ги реши сите дилеми околу победникот.
Но, тоа не беше се, во 96. минута Кекрез постигна погодок и ги постави конечните 4-1.