Легендарниот Кјелини по крајот на оваа сезона си заминува од Јувентус, а кариерата најверојатно ќе ја продолжи во МЛС.
„Имавме десет неверојатни години, сега останува момците да продолжат. Јас направив се што можев и се надевам дека оставив нешто. Во понеделник ќе им кажам збогум на фановите на Јувентус стадионот, а потоа ако ми останала уште малку сила, може да играм и во Фиренца“, вели Кјелини.
„Ова е 100 проценти мој избор, среќен сум што си заминувам на така високо ниво бидејќи со години велам дека не сакам да завршам мачејќи се и да не сум способен да играм на моето ниво“.
„Дадов се од себе досега и ќе бидам најголем фан на Јувентус откако ќе заминам. По толку многу години во клубот не можете да не го засакате“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.