Кјелини го скрши отпорот на Македонија, Италија води минимално на полувремето (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација има
минимална негатива на гостувањето кај Италија по првите 45 минути игра во
дуелот од деветтото коло од квалификациите за Светското првенство во Русија
2018.

Италија тргна мошне офанзивно во дуелот со Македонија, а
првата посериозна шанса ја имаше уште во 7. минута од средбата во Торино.

Сепак, одлична и пред серефлексна реакција имаше нашиот голман Димитриевски
кој спаси негатива за нашиот состав во оваа ситуација
при шансата на
Инсиње која дојде по една одлична акција на домаќините.

Каква одбрана на Димитриевски…

Првата шанса за нашиот состав дојде од капитенот Пандев кој
во 17. минута речиси сам си ја создаде таа прилика, но неговиот удар беше
одбранет од Буфон кој се најде на вистинското место на голот.

Инсиње повторно дојде до шанса за погодок, и тоа доби
употреблива топка во казнениот простор на нашата селекција, но неговиот удар со
глава беше лесен плен за Димитриевски од оваа ситуација во 35. минута.

Македонијасо поддршка од трибините на „Олимпико“ во Торино (ФОТО)

Само две минути подоцна Ѕапакоста упати нова закана кон
нашиот гол, но фудбалерот на Челси беше неприсебен во неговиот обид кој заврши далеку
над голот.

Италија продолжи со атак, а голот дојде по една одлична
акција во која асистент беше Имобиле а реализатор Кјелини кој во 40. минута ја
доведе својата репрезентација во почетно водство на мечот, а не му беше тешко
да ја смести топката во мрежата од нашиот гол откако доби чиста шанса за такво
нешто.


Македонија: Димитриовски, Ристовски, Муслиу, Велкоски, Радески,
Спировски, Барди, Алиоски, Пандев, Несторовски и Хасани.

Мечот во Торино го суди португалскиот арбитар Тијаго
Мартинс.

 

Фото-вест: sport.sky.it

Можно е и ова да ти се допаѓа

×