10
Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, е на чекор од трансфер во Барселона, пренесуваат италијанските медиуми.
Според информациите, стоперот веќе се договорил со каталонскиот гигант и остануваат само формалности за реализација на зделката, која би можела да изнесува меѓу 50 и 60 милиони евра. Италијанските медиуми пренесуваат дека Бастони е „луд“ за идејата да се пресели во Барселона. Тие пренесоа и дека едвај чека да замине во овој клу.
На можноста за негово заминување се осврна и тренерот на Интер, Кристијан Киву.
„Не можам да ја контролирам неговата иднина или што сака да прави. Секој човек е одговорен за своите одлуки“, изјави Киву.