Интер го загуби градското дерби од Милан (0-1) во 12. коло на Серија А. Човек на одлука беше Кристијан Пулишиќ, а домаќинот имаше многу шанси и дури промашен пенал.
По натпреварот анализа на одиграното даде тренерот Кристијан Киву. Романецот не го криеше разочарувањето за резултатот и покрај добрата игра.
„Разочарувањето е големо поради тоа што креиравме многу шанси и целосниот наш перформанс. Не дозволивме многу контра напади, иако знаевме дека имаат играчи кои ќе ни направат проблеми. Еднаш кога загубивме топка на средина на теренот, тие постигнаа гол. Ни останува добрата изведба, не се предадовме до крај и покрај разочарувањето и фрустрацијата. Сепак, четири порази во 12 кола се премногу. Наша должност е да се вратиме на нозе, овој пораз може да остави трага, ама мора да се соземеме“, изјави Киву.
Досега Интер загуби од Милан, Јувентус, Наполи и Удинезе во калчото.