Тренерот на Интер, Кристијан Киву вели дека поразот од Атлетико Мадрид оставил горчив вкус, смета дека заслужиле повеќе со играта што ја прикажале.
„Нероаѕурите“ загубија уште едно дерби, Атлетико Мадрид со гол во 93. минута му го нанесе првиот пораз на Интер во Лигата на шампиони.
Слично како и на дербито со Милан, Интер остана со празни раце и покрај тоа што имаше повеќе шутеви од противникот, па по крајот на натпреварот, директорите, тренерскиот персонал и фудбалерите одржале краток состанок во соблекувалната на „Метрополитано“.
„Овој Интер навистина нема среќа. Испушив три цигари една по друга и на момците им го кажав тоа што требаше да им го кажам“ – вели тренерот Кристијан Киву.
„Остана само горчлив вкус, со играта што ја прикажавме не заслуживме пораз… Но, заслужено или не, дома не носиме ништо“.
„Го видов разочарувањето и бесот во очите на играчите, знаат дека заслуживме повеќе. Сепак, фудбалот е суров, а ние ќе мора да се опоравиме и да реагираме“.
„Ваков пораз боли, но среќата се врти и сигурен сум дека ќе се врати и кај нас“.
ФОТО: X/Inter