Киву: Интер е како машина за перење, а ти со главата удираш во секој ѕид!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, е прогласен за најдобар романски тренер за 2025 година, што претставува големо признание за 45 годишниот стратег, кој дури оваа година ја започна својата самостојна тренерска кариера на сениорско ниво.

По освојувањето на признанието тој доби прашање и за клупската сезона како прв тренер на Интер.

Сè зависи од екипата што ја имате. Има многу работа, тензии и страст во процесот на остварување успех. Пред почетокот на сезоната ги засукавме ракавите и се фативме за работа. Останавме оптимисти. Ќе останев во Парма, сакав да го продолжам договорот, но Интер се вмеша откако си замина Симоне Инзаги. Бев доволно среќен што ја добив работата.

Резултатите се секогаш најважни. Во Интер е како во машина за перење што постојано работи и удираш со главата во секој ѕид. Никогаш нема мир, секогаш има притисок за резултати и се игра на секои три дена. Ја сакам одговорноста и притисокот, сите тие работи што ме држат буден и приземјен“, изјави Киву.

Интер во пресрет на последното коло во калчото за 2025 година е лидер со бод повеќе од градскиот ривал Милан, два од шампионот Наполи, а три од Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×