8
Фудбалскиот клуб Пелистер денеска го промовираше Кире Ристевски како ново засилување.
Искусниот дефанзивец во Пелистер доаѓа од Македонија Ѓорче Петров каде што претходно настапуваше како позајмен од Струга.
Поранешниот македонски репрезентативец кариерата ја почна токму во Пелистер од каде во 2010 година замина во Елбасани.
По 16 години тој се враќа во битолскиот клуб и е подготвен да му помогне да избори опстанок.
Ристевски во кариерата играше и за Струга, Етникос, Пјуник, АЕЛ Лимасол, Ујпешт, Работнички и други екипи.