Кингсли Коман на излезна врата од Баерн – Арсенал во трка со Саудијците

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот офанзивец Кингсли Коман, летово би можел да го напушти Баерн Минхен. Иако има договор до 2027, Баварците се подготвени да го пуштат за соодветна сума.

Арсенал наводно веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Сепак, како опција се споменува и трансфер во Саудиска Арабија од каде се појавија заинтересирани клубови.

Оваа сезона Коман има помала минутажа и забележа шест гола и четири асистенции. Се помалку игра и за француската репрезентација – во последните 18 месеци има само 76 минути.

Коман потекнува од академијата на ПСЖ, играше и за Јувентус, но најмногу покажа во Баерн, каде има одиграно 329 натпревари, со 69 гола и исто толку асистенции. Освен титулата во Лигата на шампионите, има осум титули во Бундеслигата. Коман беше херојот на баварците кој во 2020 година погоди во финалето на елитното европско натпреварување против ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани