Поранешниот кинески селектор Ли Тие ја доби пресудата за случајот со корупција.
Екс-предводникот на Кинезите за време на престојот во репрезентацијата примал мито и заработил преку 16 милиони долари за да повикува фудбалери да играат за Кина. Освен тоа тој исто така и потплаќал клубови, а тоа било поврзано со ангажирање на одредени играчи.
Кинезите дадоа пример дека немаат толеранција за корупцијата во спортот. Така, Ли Тие доби 20 години затворска казна откако претходно годинава го призна делото. Интересно е дека во одредени земји таква казна се дава за убиство, но Кина сака да наметне авторитет и да покаже дека нема има нулта толеранција за вакви работи.
Ли Тие освен во родната Кина во кариерата заигра и во Премиер лигата за Евертон, а беше и член на Шефилд Јунајтед. Репрезентацијата на Кина ја водеше во периодот од 2019 до 2021 година.