Кинезите збеснаа откако Меси остана на клупата на мечот меѓу ИНтер Мајами и Хонг Конг. Поради тоа тие решија да ја откажат турнејата на Аргентина која требаше да се случи во Пекинг во март.
Меѓу 18 и 26 март, Аргентина имаше закажано два пријателски меча во Кина, едниот против Нигерија, другиот против Брегот на Словновата Коска. Кинезите им ги откажаа и двата дуели, па сеа тие ќе бараат нова локација за одигрување на натпреварите.
„Засега Пекинг нема намера да организира натпревари во кои се очекува настап на Лео Меси. Од за сите познати причини, надлежните решија дека условите за одржување на овие средби не се исполнети“, се пишува во кинеските медиуми.
Меси ги разлути Кинезите откако не настапи против ѕвездите од Хонг Конг. За да го видат Аргентинецот тие плаќаа и по 450 евра за билет, но тој не се појави на теренот, а три дена подоцна играше половина час на пријателски меч во Јапонија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.