И новите сопственици се згрозени од однесувањето на Донарума, па не планираат да го продадат ова лето, напротив сакаат да го казнат, пренесуваат дел од италијанските медиуми.
Претседателот на клубот, Јонгонг Ли рекол дека играчот нема да биде продаден. А сигурно нема да биде опција за првиот тим.
Милан може слободно да го прекомандува во младинската екипа со оглед на тоа што Донарума има само 18 години.
Од друга стрна пак, Мино Рајола се заканува со тужби ако не му биде овозможено на неговиот клиент да направи трансфер.
Милан има право да не го продаде Донарума и има право да го врати во младинскиот тим.
Но Рајола ќе тужи затоа што клубот изнел информација дека преговорите не се одвиваат добро, по што голманот трпел навреди од навивачите. Милан не се потрудил доволно да го заштити својот фудбалер.
Иако нема логика во ставовите на Рајола, тој сигурно нема да седи со скрстени раце и ќе се обиде на некој начин да издејствува заминување на Донарума од клубот.