Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан стави јасно дознаење дека клубот
активно работи за заминување на Бејл од редовите на шпанскиот гигант, а веднаш
потоа стигна и одговор во иста мера од агентот на Велшанецот.
Дека Бејл е „вишок“
во Реал Мадрид, нема дилеми,меѓутоа Велшанецот е под активен договор со клубот
и од тоа што е познато тој воопшто не се преоптоварува со намерите на клубот да
се ослободи од него.
Според
информациите кои ги објави „Телеграф“, се вели дека кинескиот прволигаш Пекинг
Гуан сака да го направи Бејл најскапо платениот фудбалер во тоа првенство, па
така му нуди вртоглава понуда со огромна плата во истата.
Пекинг Гуан не е
единствениот клуб заинтересиран за услугите на Бејл, но, тие се едни од ретките
клубови кои би можеле да се согласат да го плаќаат Велшанецот околу 600,000
фунти на неделна основа, колку што тој заработува моментално во Реал Мадрид, па
дури и повеќе од тоа.
Дека кинескиот
прволигаш знае да го одврзе ќесето доволно говори и нивното засилување од
Виљареал, Седрик Бакамбу, за кого на шпанскиот прволигаш му исплатија 35
милиони фунти, а фудбалерот доби неделна плата од 300,000 фунти, тоа што е уште
поинтересно во овој случај е фактот што претставниците на фудбалерот се дел од
„Стелар Груп“, а прв човек е токму агентот на Бејл, Џонатан Барнет.