Кина одново на агендата на Бејл, за да се отараси од Велшанецот, Реал е подготвен да го пушти за без пари!?

by
1 минути читање

Бејл и Зидан имаа недоразбирања летото, пред да почне сезоната, но потоа се чинеше дека тие се надминати откако фудбалерот настапи на неколку натпревари во серија.

Но весникот „Марка“ пишува дека односот им е повторно нарушен. Бејл бил лут што бил изоставен од натпреварот против Клуб Бриж во Лигата на шампионите и тоа без објаснување од тренерот.

Бејл побарал од агентот да му обезбеди трансфер во јануари, а најсериозна опција е Шангај Шенхуа од Кина, тие за разлика од европските клубови се подготвени да му ја дадат платата на фудбалерот која ја заработува во Реал Мадрид.

Шпанскиот весник пишува дека Реал Мадрид е подготвен да го пушти Бејл и бесплатно, нивниот бенифит би било тоа што нема да му ја плаќаат огромната плата која достигнува бројка од фантастични 34 милиони евра по сезона.

Бејл е фрустриран од тоа што нема континуитет на натпревари по кој би можел да ја врати најдобрата форма. Некои сметаат дека Зидан греши што не го игра постојано Бејл во тимот бидејќи скапиот фудбалер докажа дека може да биде играч што решава натпревари. Но односот меѓу двајцата не може да се поправи, па голема е веројатноста за трансфер во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×