Кин удри по Јунајтед: Овие играчи се еб*на измама, а капитенот…

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед иако го победи Ипсвич Таун со 3-2 во Премиер лигата, привлече критики.

Гласен против играчите на „црвените ѓаволи“ беше легендата на клубот Рој Кин. Човекот кој сега работи како фудбалски аналитичар на островот удри по фудбалерите, а лично го посочи Бруно Фернандеш кој е капитен.

Овие играчи едноставно го немаат потребното за да го носат дресот на Манчестер Јунајтед. Гледам премалку страст и борбеност во играта. Каде е оној Јунајтед што некогаш го познававме? Овие играчи се еб*на измама.

Капитенот мора да биде пример за сите останати, ама тој повеќе време минува жалејќи се кон судиите отколку што го води тимот. Тоа не му е потребно на Јунајтед“, нагласи Кин.

На табелата во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед котира на 14 место со 33 бода. Тимот ја игра една од најлошите сезони во историјата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани