Италијанскиот
прволигаш Рома е подготвен да ја „спасува“ кариерата на Моизе Кин по
неуспешната авантура на младиот напаѓач во Премиерлигата, поточно во Евертон.
19 годишниот Кин
на некој начин беше посрамотен од Данкан Фергусон на гостувањето кај Манчестер
јунајтед, откако беше повлечен од игра по само 19 минути на теренот на „Олд
Трафорд“, каде влезе како замена.
„Дејли Стар“
известува дека Рома сака да ја искористи новонастанатата ситуација со младиот
напаѓач и да го доведе на „Олимпико“ како поддршка за искусниот Един Џеко во
нападот.
Како и да е, се
верува дека потенцијалното доаѓање на Карло Анчелоти на клупата на Евертон би
било мошне интересно во случајот со Кин, медиумите на оваа тема известуваат
дека тоа во голема мера би ја зголемило шансата Кин да се врати во Италија по
само шест месеци во Премиерлигата.