Кин откри зошто наместо враќање во Манчестер јунајтед го одбрал Евертон

by
1 минути читање

Дефанзивецот
потекнува од школата на „Црвените Ѓаволи“, но откако не успеа да се наметне во
првиот тим, Мајкл Кин беше продаден во 2015 на Барнли.

На Труф Мур,
Англичанецот покажа што умее, и по укажаната доверба прерасна во еден од
најдобрите дефанзивци во Премиерлигата.

Ова лето на
негова адреса пристигнаа неколку понуди, Манчестер јунајтед се обиде да го
врати Мајкл Кин на Олд Трафорд, но играчот на крајот заврши во Евертон во
трансфер вреден 30 милиони фунти.

„Секако дека бев
привлечен од идејата да се вратам на Олд Трафорд
– вели 24 годишниот дефанзивец.

„Се работи за
клубот од моето детство. Но понекогаш треба на страна да ги ставите емоциите и
да размислите што е најдобро за вас
.

„Верувам дека
Евертон е најдоброто место за мојот развој
.

Манчестер
јунајтед можеби не го врати Мајкл Кин но барем ќе има финасиска корист од
неговиот трансфер на Гудисон Парк.

Кога го продадоа
во 2015, „Црвените Ѓаволи“ вметнаа клузула според која ќе добијат 25% од
следниот трансфер.

Тоа значи дека
најтрофејниот клуб од Англија ќе инкасира 7,5 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×