Кин го „реши“ Каљари па доби расистички навреди и настанаа нереди на трибините (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата Дама“
продолжува црвсто да чекори кон ново Скудето. И со видно изменет тим, Јувентус
вечерва славеше кај Каљари со 0-2.

Леонардо Бонучи
погоди во првиот дел со глава, за младиот Моисе Кин во финишот да ја потврди
победата со едноставна реализација на втората статива.

Но по голот на
црномурестиот Италијанец се случија немили сцени. Тој речиси цел натпревар добиваше свирежи, но откако даде гол и прослави пред навивачите на Каљари, доби расистички навреди. Јувентус во знак на протест бараше играте да биде сопрена, потоа
настана и инцидент на трибините и тепачка помеѓу фановите па мораа да интервенираат и стјуардите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×