350
Кин наскоро треба да го комплетира трансферот во Евертон вреден 30 милиони евра плус бонуси.
Но, италијанскиот новинар Алвизе Кањацо кој пишува за Дејли Мејл, тврди дека напаѓачот на Јуве имал понуда и од Арсенал.
Тој ја одбил понудата на Арсенал бидејќи топчиите не можеле да му гарантираат дека ќе биде главен напаѓач поради тоа што во составот ги имаат Обамејанг и Лаказет.
За разлика од Арсенал, во Евертон му ветиле дека ќе биде главен во нападот и ќе градат тим околу него.
Евертон во Кин го гледа новиот Лукаку.
Лукаку за Евертон постигна 87 гола за четири сезони и направи трансфер од 85 милиони евра во Манчестер јунајтед.
Каков импакт ќе има Кин во играта на Евертон ќе покаже времето.