Поранешниот
фудбалер на Јувентус, моментално член на Евертон, младата италијанска ѕвезда
Моисе Кин откри дека Кристијано Роналдо му дал посебни совети околу тоа како да
продолжи во својата кариера.
Во интервју кое
напаѓачот го даде за официјалниот клупски сајт на Евертон, тој вели дека пред
да си замине од редовите на италијанскиот првак, разговарал со своите тогашни
соиграчи, барајќи совет, меѓу кои и од Роналдо.
„Пред да си
заминам од Торино разговарав со моите соиграчи, исто така зборував и со
Кристијано Роналдо, тој ми рече да продолжам да ги остварувам соништата и да
продолжам со напорна работа“ вели Кин кој притоа додаде дека пред него е голем
предизвик.
„Секогаш земав
голема одговорност на себе во мојата кариера, секогаш играв против постари
момци од мене и токму тоа ме направи дури и посилен“ додаде напаѓачот кој веќе
дебитираше во дресот на Евертон во ремито без голови кај Кристал Палас во првото
коло од Премиерлигата.