Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Килијан Мбапе ќе биде дел од тимот на Реал Мадрид за пресметката против Манчестер Сити во Лигата на шампиони, само нејасно е дали ќе почне од првата минута, или шанса ќе добие во продолжението.
Килијан Мбапе беше под голем знак прашалник за пресметката против Манчестер Сити, натпревар кој може да му пресуди на Чаби Алонсо.
Французинот има проблеми со задната ложа на левата нога, како и фрактура на еден прст на левата рака.
Сепак, тој е вметнат во тимот, а како што пренесуваат медиумите од Шпанија, самиот Килијан Мбапе инсистирал да игра.
Сега останува да се види дали тој ќе биде стартер, или од клупата за резерви ќе влезе како џокер во второто полувреме.