Киксот на Донарума се покажа како кобен, Милан загуби кај Сампдорија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По поразот од
Интер во дербито на Милано, „росонерите“ загубија на втор меч во низа. Вечерва
Милан остана со празни раце на гостувањето кај Сампдорија.

Киксот на Џиџо
Донарума се покажа како кобен, голманот лошо реагираше во првата минута и
кумуваше на голот на Сампдорија.

„Росонерите“
потоа се обидоа да се опорават од раниот шок, креираа неколку добри шанси но не
успеаја да ја затресат мрежата на домаќините.

И Сампдорија имаше свои прилики, но за некое чудо, втор гол не падна. Во
финишот од средбатаимаше и контроверзен момент. Пјонтек падна во шеснаесетникот,
Милан бараше пенал но судијата откако ги прегледа повторените снимки со помош
на ВАР, остана на својата првична одлука и не досуди ништо.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×