Кикс за голем сеир во Бирмингем, наместо химната од ЛШ ечеше химната од ЛЕ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Во Астон Вила како да заборавија дека играат во Лигата на шампионите, па на почетокот ја пуштија химната на Лига Европа.

Голем сеир за Астон Вила на социјалните мрежи откако ја утнаа химната на натпреварувањето.

Клубот од Бирмингем како уште да не е навикнат дека игра во Лигата на шампионите, па пред почетокот на мечот беше пуштена химната на Лига Европа.

Грешката беше поправена и потоа беше пуштена и химната на Лигата на шампионите, но сеирџиите го фатија моментот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани