152
Дејли Мејл пишува
дека евентуален кикс на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Барнли во
четвртото коло од Премиерлигата, би можело да му донесе отказ на Жозе Мурињо
кој има катастрофален старт во новата сезона со една победа и два порази.
Истиот медиум додава
дека фудбалерите на Манчестер јунајтед и стручниот штаб на тој тим, од извори
во клубот сметаат дека португалскиот стратег е на еден пораз од отказ во клубот.
„Постои иста
ситуација која ја имаше и Луис Ван Гал во неговите финални денови на Олд
Трафорд во 2016. година, пред да биде заменет со Мурињо, сега фудбалерите
зборуваат за можноста Зинедин Зидан да стане нивни нов тренер“ пишува Крис
Велер за Дејли Мејл.