176
Челси беше голем фаворит против Борнмут но не само што не победи, туку доживеа пораз.
Тимот на Лампард имаше доволно шанси да даде гол, но откако не успеа да ги реализира Гослинг погоди во 84. минута за победа на Борнмут од 1-0.
Киксна и Лестер, одигра само 1-1 на свој терен против Норич.
Гостите поведоа со гол на Пуки во 26. минута, Вардар со помош на Крул изедначи на 1-1. Голот на крајот беше запишан како автогол на гостинскиот голман.
Од фаворитите само Ливерпул со два гола на Салах го победи Ватфорд со 2-0.
Барнли со 1-0 славеше над Њукасл, Шефилд јунајтед со 2-0 беше подобар од Астон Вила.