Кикс на Арсенал, пораз на Емирати од Ватфорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Непријатно изненадување за фановите на Арсенал, нивниот тим влезе како голем фаворит против Ватфорд но доживеа пораз на свој терен.

По само 13 минути игра Ватфорд имаше водство од 2-0 на Емирати со головите на Кабул и Динеј.

Арсенал тргна кон спасување на натпреварот, но се што направи беше само намалување на резултатот со гол на Ивоби.

Тотнем не го искористи во целост киксот на Арсенал, одигра само 0-0 на гостувањето кај Сандерленд.

Лестер доживеа нов пораз, овој пат на гостувањето кај Барнли, Мидлсброу и ВБА одиграа 1-1, Свонси со 2-1 го победи Саутемптон, Кристал Палас со 2-0 славеше на гостувањето кај Борнмут.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани