Кикер обвинува: Барса го советувала Дембеле да не се појави на тренинг

by
1 минути читање

Младиот Французин
е желбата на Барселона за замена за Нејмар, но „Милионерите“ не сакаат лесно да
се откажат од перспективниот напаѓач.

Борусија Дортмунд
бара 150 милиони евра за неговите услуги и веќе го одби предлогот на
„Каталонците“ вреден 100 милиони евра плус 20 милиони евра во бонуси.

Играчот сака по
секоја цена да заврши на Камп Ноу, па денес не се појави на тренинг ниту пак
одговарал на повиците од Дортмунд.

Според пишувањата
на Кикер, Барселона стои зад ваквото однесување на Осман Дембеле, магазинот
пишува дека „Каталонците“ го советувале и дале одобрување за ваквиот испад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани