Кијелини има голема омраза кон двајца свои поранешни соиграчи: Тие се најлошите

by
1 минути читање

Кијелини со Балотели играше во репрезентацијата на Италија, а со Мело во Јувентус, па многу добри ги познава и двајцата.

Во интервју за „Ла Република“ тој само го потврди напишаното во книгата.

„Можам да потврдам дека тоа што го пишува таму е навистина така. Балотели е негативна личност со никаква почит кон останатите во тимот. За време на Купот на конфедерации против Бразил во 2013 година, навистина заслужуваше шамар за неговото однесување. Некои луѓе го ставаат меѓу петте најдобри напаѓачи, но јас никогаш не сум го гледал ниту меѓу најдобрите 10 или 20“, вели Кијелини.

„Како и да е, Фелипе Мело е уште полош од него, тој е најлошиот од лошите. Не можам да сакам луѓе кои немаат почит, такви кои секогаш се контра другите. Тој е еден од оние кои секогаш сакаат да бидат контра. Со него околу вас секогаш можете да влезете во тепачка. На директорите им го кажав тоа, тој е црвлива јаболка“.

Во книгата на Кијелини има и за неговата омраза кон Интер, но имал само почит кон играчите на овој тим, осебно кон Занети кој веднаш му пишал по тешката повреда.

„Не сакам луѓето погрешно да ме разберат. Го мразам Интер од спортски причини како Мајкл Џордан што ги мрази Пистонс. Но 99,9% од времето кога ќе сум се сретнел со играчите надвор од теренот сме се дружеле и сме се смееле“.

„Кога го повредив моето колено минатата година, пораката која најмногу ја ценев беше таа од Хавиер Занети“.

„Спортската омраза е нешто кое ве турка да го победите ривалот доколку се водите од вистинското значење на неа. Таа е нешто неопходно во спортот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×