Кијелини: И Роналдо требаше да има шест златни топки, минатата година беше „ограбен“

by
1 минути читање

Кијелини смета дека Реал Мадрид имал влијание за Кристијано Роналдо да не ја добие Златната топка минатата година. А доколку тоа се случило Меси сега ќе се изедначеше со Португалецот, а немаше да биде за една подобар од него.

„Роналдо навистина беше ограбен за Златната топка минатата сезона, Реал Мадрид одлучи да направи се за тој да не ја добие и навистина беше чудно“, вели Кијелини.

„Оваа сезона беше поизедначено. Со сета почит за Модриќ, тој дури и во најдобрата сезона во својата кариера не ја заслужуваше наградата. Тоа беше сигнал од Реал Мадрид бидејќи тие сакаа да го спречат Роналдо да ја освојува“.

„Тој ја освои Лигата на шампионите, по таа логика и Ван Дајк требаше да победи оваа година, или можеби Гризман, Погба или Мбапе кои беа фантастични на Светското првенство. Златната топка за Модриќ нема смисла“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×