431
Федерико Киеза одлично ја почна новата сезона во Ливерпул, влезе во првото коло на мечот со Борнмут и постигна клучен гол за победа.
Италијанецот по тој погодок се надеваше дека ќе се избори за поголема минутажа на теренот, но работите не одат во тој правец.
Федерико Киеза не е вклучен во тимот на Ливерпул кој ќе игра во Лигата на шампионите, а на некој начин го кажува мислењето на Слот за важноста на Италијанецот.
Ливерпул со купувањето на Исак дополнително ја зголеми конкуренцијата во офанзивата, па тешко дека Киеза ќе добие некоја посериозна минутажа оваа сезона.