Киеза е подготвен за помала плата да игра во Барселона

by bojan
1 минути читање
Киеза

Федерико Киеза е подготвен да прифати помала плата доколку ова му донесе трансфер во редовите на Барселона.

Италијанецот не е дел од плановите на Тијаго Мота и Јувентус со месеци се обидува да му најде нов клуб, и во последно време се говори за можен трансфер во Барселона/

„Каталонците“ се во потрага на засилување за левата крилна позиција, Нико Вилијамс им беше главна цел, но мораат да се насочат кон други играчи откако Шпанецот реши да остане во Атлетик Билбао.

Една опција беше Рафаел Леао, но Милан бара 175 милиони евра за услугите на Португалецот, а Барса едвај може да понуди околу 65 милиони евра.

Како евтина алтернатива се посочува Федерико Киеза, на кого цената во последните денови од летниот преоден рок му падна на 15 милиони евра.

Медиумите од Италија пишуваат дека играчот е заинтересиран за преселба на Камп Ноу, и е подготвен да прифати помала плата доколку ова му донесе трансфер во редовите на Барселона.

Федерико Киеза во моментов има годишни примања од 6 милиони евра, а прифаќа да игра во дресот на „каталонците“ и за 4,5 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани