Федерико Киеза и дефинитивно ќе го напушти Ливерпул ова лето, објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, а според веројатно ќе се врати во Серија А каде што има две опции..
Поранешната ѕвезда на Јувентус и Фиорентина веќе добила неколку понуди, но како фаворити се истакнуваат италијанските Милани Наполи. Наполи работи на доведување на две офанзивни крила, а не е тајна дека тренерот Антонио Конте одамна е голем обожавател на 27-годишниот фудбалер.
Милан исто така е во трката, но дали „росонерите“ навистина ќе се обидат да го ангажираат Киеза ќе зависи од иднината на Рафаел Леао.
Киеза во минатото беше и стандарден репрезентативец на Итаалија, а според последните информации новиот селектор на „Аѕурите, Џенаро Гатузо разговарал со него и му порачал дека мора да пронајде клуб каде што ќе игра редовно.