Самиот Кристијано
Роналдо ја стави под знак прашалник својата иднина во Реал по последниот свиреж
во Киев и финалето од Лигата на шампионите кога порача: „Ми беше убаво во Мадрид“.
Изминативе години
тој често се поврзуваше со ПСЖ или враќање во Манчестер јунајтед и многумина
веруваа дека ова се можните дестинации доколку тој навистина реши да замине од
Сантијаго Бернабеу.
Сепак, на
почетокот од јули почнаа да кружат гласини за негова преселба во Јувентус и
една недела подоцна пристигна информацијата за рекорден трансфер во Калчото.
„Првиот пат кога
слушнав за гласините кои го поврзуваа Роналдо со Јувентус им кажав на моите
другари, „Не, тоа е невозможно“. Но еден ден подоцна си реков, изгледа сепак е
можно“ – открива Џорџо Киелини каква била неговата прва реакција.
„Со нашиот
менаџер, со нашиот директор… зделката стана реалност. Јувентус продолжува да
раста…. година по година, и ни беше потребен шампион како Кристијано“.
„Сите сме
возбудени, со нетрпение чекаме да работиме со него“.