Кеси и Биља заедно го објаснија срамниот инцидент и се извинија

by
1 минути читање

Двајцата фудбалери на Милан ќе се степаа доколку дел од соиграчите не застанеа меѓу нив.

По натпреварот, во микс зоната на Сан Сиро каде што фудбалерите даваат изјави, тие застанаа заедно, го објаснија инцидентот и се извинија.

„Тоа беше адреналинот предизвикан од ситуацијата во натпреварот. Бев фрустриран што излегов, навистина сакав повеќе да дадам. Тргнав кон Лукас и тоа беше грешка, се извинив потоа. Тој е постар од мене и јас треба да учам од него. Жал ми е“, изјави Кеси.

Потоа и Биља ја кажа својата верзија пред италијанските новинари.

„Френк знае што кажав и ние ја расчистивме ситуацијата потоа. Сите сакавме да победиме, но ова не е нешто што треба да се случува пред сите. Можеби требаше да го зачуваме за во соблекувалната. Ние повеќе од сите се чувствуваме лошо поради срамните сцени, им се извинив на соиграчите и на тренерот лично. Не сакавме да го направиме ова, го посрамотивме клубот кој го претставуваме, нема да се случи друг пат“, изјави Лукас Биља.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×