Фудбалската репрезентација на Русија веќе три години е надвор од меѓународните натпреварувања поради војната во Украина, а нема да учествуваат ниту во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Термините за репрезентациите Русија ги користи за пријателски натпревари во главно против егзотични селекции.
Така вчера на стадионот во Москва гостуваше селекцијата на Гренада, а Русите беа убедливи славејќи победа со 5-0.
Овој натпревар го обележа искусниот напаѓач Артем Џујба кој денес настапува за Акрон Тољати и на 36 години се уште е дел од репрезентацијата.
Џјуба беше стрелец на третиот гол во 43. минута и на тој начин стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата симнувајќи ги го од врвот Александар Кержаков кој има 30. Зад нив се Владимир Бесчаник со 26 и Роман Павличенко со 21.
За разлика од Џјуба сите останати ги завршија своите кариери. Кога е натпреварот во прашање во листата на стрелци се запишаа уште: Пруцев, Адамов, Фомин и Бакаев.
За шест дена Русија ќе одигра и уште еден пријателски натпревар против Замбија и во него Џјуба ќе има прилика да го подобри својот рекорд.