Фудбалерките на САД со победа од 3-0 над Замбија ја започнаа авантурата на Олимписките игри во Париз, еден од головите беше дело на Тринити Родман, ќерка на легендарниот кошаркар Денис Родман.
Вечерва ќе биде одржана официјалната церемонија за отварање на Олимписките игри, но фудбалскиот турнир во Париз почна уште во средата со натпреварите во машка конкуренција, а синоќа на терените истрчаа и дамите.
САД ја започна авантурата со победа од 3-0 над Замбија, еден од головите беше дело на Тринити Родман, ќерка на легендарниот Денис Родман.
Во 17. минута од мечот, таа прими една топка во шеснаесетникот, мајсторски со пета се ослободи од две противнички и рутински реализираше за 1-0.
Trinity Rodman, that turn and finish pic.twitter.com/lig6StSIcu
— Kay | Snapchat & IG Ads (@KayRMFC) July 25, 2024