Керик реди победи, но Невил не го сака за перманентен тренер на Манчестер јунајтед: Веќе имавме слично сценарио…

by bojan
1 минути читање

Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека раководството на „ѓаволите“ треба да ангажира звучно и докажано име за нов тренер наместо да му укаже шанса на Мајкл Керик.

Мајкл Керик доби шанса на привремена основа да седне на жешкото столче на „Олд Трафорд“ по отказот на Рубен Аморим, и одлично се снајде во улогата, донесе пет победи на шест натпревари и го врати Манчестер јунајтед во битката за место во Лигата на шампиони.

Но и покрај тоа што Мајкл Керик донесе драматичен пресврт во играта и во резултатите, Гери Невил смета дека „ѓаволите“ треба да ангажираат нов тренер, односно звучно и докажано име.

„Доколку Мајк Керик донесе настап во Лигата на шампиони, од сите страни ќе има барања за тој да биде поставен за тренер. Не сум против оваа идеја, навистина го обожавам, Но сметам дека Манчестер јунајтед треба да го ангажира најдоброто име кое е на располагање. Имаа млад и неискусен тренер и знаеме како поминавме со ваков избор. Оле Гунер Солшер дојде како човек од клубот, но на крајот не заврши добро. Па сметам дека не треба да се ризикува ништо при изборот на следниот тренер“ – вели легендата на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×