Кепа: Прифаќам дека секој трансфер е „коцкање“, но ова беше важен чекор во мојата кариера

by
1 минути читање

Голманот на
Челси, Кепа Аризабалага инсистира на тоа дека светскиот рекорд од 80 милиони
евра од Атлетик Билбао во англискиот Премиерлигаш, воопшто не го загрижува,
ниту пак му прави притисок, ако се земе во предвид дека токму тој е најскапиот
трансфер на голман досега.

Цената нема
никаква врска со мене, тоа е само поради трансфер пазарот, цените одат нагоре и
истото ќе продолжи и во иднина, тоа е причината поради која јас воопшто не се
грижам околу очекувањата и слично, сето тоа е нормално
“ вели Кепа.

Животот во Челси
тргна добро, убаво е кога се добиваат натпревари, а воедно за мене е добро кога
ќе забележам некоја интервенција на голот
“ додаде голманот во кого Челси виде идеална опција за замена на Куртоа кој направи трансфер во Реал Мадрид, опција на подолг рок.

Ова беше добра
опција за мене бидејќи многу Шпанци успеале овде, многумина се уште се тука,
ова е клуб кој освои се
што
беше можно да се освои во годините претходно, Премиерлигата, Лигата на
шампионите, Лига Европа, ФА Куп…

Јас го прифаќам
тоа дека секој трансфер е коцкање, но верувам дека ова беше важен чекор во
мојата кариера
“ заврши Кепа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×