205
Кепа направи потег кој беше оценет како големо непочитување кон тренерот. Голманот подоцна се извини и рече дека било недоразбирање, слична изјава имаше и Маурицио Сари.
Но, критиките продолжија, навивачите не го прифатија најдобро, иако има и некои кои му дадоа поддршка.
Тие посочија пример дека во минатото и Меси одбил да биде заменет, но тогаш не се кренало таква врева.
Toa се случи во 2014 година кога Меси одби да излезе, па од игра беше изваден Нејмар. Но и тогаш имаше реакции во медиумите и на социјалните мрежи за овој непопуларен потег на Аргентинецот.
No one cared when Messi refused to come off. Standards. pic.twitter.com/C8iBH2pqYH
— ΛV (@abishekvenkatr) February 25, 2019