Кејн одбра идеална единаесетка, едно име е изненадување

by 24 фудбал
0 минути читање

Напаѓачот на Баерн Минхен и капитен на англиската репрезентација, Хари Кејн, ја откри својата идеална единаесетка.

Тимот што го избра Кејн изгледа вака: Мануел Ноер; Марсело, Џон Тери, Џорџо Кјелини, Кајл Вокер; Зинедин Зидан, Серхио Бускетс; Лионел Меси, Андрес Иниеста, Кристијано Роналдо; Роналдо.

Изборот предизвика реакции кај дел од фановите кои во коментарите го нападнаа Кејн поради тоа што во идеалниот тим го ставил Кајл Вокер на позицијата десен бек. Англичанецот кој настапуваше за Тотенхем и Манчестер Сити, а сега е дел од Барнли, имаше блескава кариера, но ретко кога беше споменуван како најдобар десен бек на светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×