Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн пред стартот на квалификациите за Светското првенство се осврна на последниот голем собир.
Англичаните вторпат во низа губеа финале на Европско првенство, а Кејн даде свое видување и анализа на турнирот. Тој ги посочи проблемите и откри дека со Тухел работат на подобрување на ситуацијата.
„Европското првенство беше прв турнир на кој бевме еден од главните фаворити. Уште од пред стартот беше јасно дека луѓето очекуваат да го освоиме. Се потпревме на многу искуство кое го имавме на претходните турнири, ама не успеавме да најдеме ритам и енергија. Во извесна смисла тоа говори за нашиот карактер, бидејќи сепак стигнавме до европско финале, ама сигурно гледајќи наназад немавме ритам како во некои претходни натпревари. Тухел добро го одгледал турнирот, па ни укажа на тоа што можевме да го направиме во некои ситуации. Блиски сме како тим, не можеме да бидеме поблиски. Меѓутоа, постојат ситници кои мора да се менуваат со новиот селектор“, посочи Кејн.
Англија ги отвора мундијалските квалификации в петок со меч против Албанија во 20:45 часот.