Кејн: Може да дадам и 100 голови оваа сезона, но тоа да не биде доволно за „Златна топка“

by riste
0 минути читање

Хари Кејн кој е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, смета дека ниту 100 голови нема да бидат доволни да ја освои „Златната топка“ доколку не освои нешто големо на тимско ниво.

Напаѓачот на Баерн Минхен игра фантастична голгетерска сезона, но цели на тимските титули.

„Би можел да дадам 100 голови оваа сезона но ако не ја освојам Лигата на шампионите или Светското првенство, веројатно тоа нема да биде доволно да ја освојам „Златната топка“, вели Кејн

„Истото се однесува и за Халанд и за било кој фудбалери. Треба да освоите некој од овие големи трофеи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×