Кејлор Навас пронајде нов клуб

by Стефан
1 минути читање

Искусниот голман од Костарика, Кејлор Навас пронајде нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во редовите на аргентинскиот Њуелс Олд Бојс.

Навас кој денес има 38 години во кариерата го носеше дресот на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, а без клуб е од мај кога си замина од францускиот гигант.

„Му благодарам на бог што се враќам на терен. Чувствувам дека сум спремен и навистина сум спремен поради овој предизвик“, објави Навас.

Кога е тимот на Њуелс Олд Бојс во прашање најмногу на фудбалската јавност се познати по тоа што се првиот клуб на Лионел Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани